дома Свет Полска ги дигна авионите во воздух по руските ракетни напади врз Украина

Полска ги дигна авионите во воздух по руските ракетни напади врз Украина

Полски и сојузнички авиони беа активирани утрово за да ја обезбедат безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна ракетни напади врз западна Украина, во близина на границата со Полска, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Рано утрово во поголемиот дел од Украина беше прогласена вонредна состојба во воздушниот сообраќај поради руски напади со беспилотни летала и ракети, објави Ројтерс.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека силите за противвоздушна одбрана собориле 78 од 83 беспилотни летала лансирани од руската војска во Украина во текот на ноќта, објави Укринформ.

ПредходнаНајмалку тројца загинаа во железничка несреќа во Германија, можна причина – свлечиште и дожд
СледнаВо десет градови бесплатен и анонимен скрининг по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот