Министерот без ресор задолжен за дијаспората, Ѓорѓе Миличевиќ, денес реагираше
на изјавата објавена од претседателот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, во која, според Миличевиќ, ја омаловажува искрената изјава на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Изјавата на Ѓилас, оценува Миличевиќ, претставува „најлоша форма на политичко уличарење и напад без идеи“.
„Таквиот начин можеби одговара на политичкиот стил на Ѓилас и неговите соработници, но не одговара на сериозноста на темата, не му одговара на ниту еден одговорен политичар, а особено не им одговара на оние кои сакаат да се претстават како алтернатива“, рече Милиќевиќ во соопштението.




