Листата, објавена на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи во делот „Примери за манифестации на русофобија“, ги цитира јавните изјави на поранешниот министер за одбрана Тодор Тагарев, поранешниот премиер Николај Денков, вршителот на должноста премиер Димитар Главчев и сегашниот министер за одбрана Атанас Запрјанов.

Двајца поранешни бугарски премиери и двајца министри за одбрана, вклучувајќи го и сегашниот, беа вклучени во официјалниот список на руското Министерство за надворешни работи како примери за „најекстремните манифестации на русофобична реторика“, објави БГНЕС.
Листата, објавена на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи во делот „Примери за манифестации на русофобија“, ги цитира јавните изјави на поранешниот министер за одбрана Тодор Тагарев, поранешниот премиер Николај Денков, вршителот на должноста премиер Димитар Главчев и сегашниот министер за одбрана Атанас Запрјанов.
Публикацијата се вика „Примери за изјави на функционери и претставници на елитите на западните земји во врска со Русија, кои користат „говор на омраза“, 2024).
Меѓу обвинувањата упатени од Москва се повиците на Тагарев за борба против руската пропаганда во бугарските медиуми и училишта, изјавите на Денков за едностраното претставување на Русија во учебниците по историја, како и ставовите на Главчев и Запрјанов во поддршка на Украина и за посилна улога на НАТО во регионот на Црното Море.
Руското Министерство за надворешни работи нагласува дека цитатите вклучени во листата демонстрираат „омразна реторика“ кон Русија и се дел од „широка кампања за дискредитирање на земјата“.
Документот не претставува формален список на санкции, туку е во контекст на напорите на Москва да систематизира и објави јавни изјави на политичари од странство за кои, според него, водат до „непријателски став кон Русија“.




