дома Свет Орбан: Трамп ја изел Урсула за појадок

Орбан: Трамп ја изел Урсула за појадок

„Доналд Трамп не постигна договор со Урсула фон дер Лајен , туку  Доналд Трамп ја изеде за појадок“, рече Орбан за време на пренос во живо на Фејсбук.

 

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро го критикуваше трговскиот договор постигнат меѓу Европската Унија и САД, велејќи дека договорот е „полош“ дури и од оној што Велика Британија го постигна со Вашингтон.

„ Доналд Трамп не постигна договор со Урсула фон дер Лајен – Доналд Трамп ја изеде за појадок“ порача Орбан . 

Според него, договорот што САД неодамна го склучија со Обединетото Кралство е многу подобар од овој со ЕУ.

Поради тоа, смета дека ќе биде тешко европскиот договор да се претстави како успешен во иднина.

Унгарскиот премиер смета оти проблемот е во тоа што, во согласност со договорот, Европејците ќе треба да инвестираат неколку стотици милијарди евра во САД.

„Но, кој ќе го направи тоа, кога Европската комисија нема капитал за инвестиции. Во чие име се согласи таа (Урсула фон дер Лајен)“,заклучил Орбан.

ПредходнаРежимот на Путин ги стави бугарските премиери и министри на црната листа поради русофобија
СледнаТајландските и камбоџанските лидери се сретнаа во Малезија за да разговараат за прекин на огнот