Состанок на лидерите на Тајланд, Камбоџа и Малезија, со цел обезбедување прекин на огнот во тајландско-камбоџанскиот граничен конфликт, започна денес во малезиската административна престолнина Путраџаја, изјави малезиски функционер за Ројтерс.
Амбасадорите на Соединетите Американски Држави и Кина исто така се присутни на состанокот, рече функционерот.
Состанокот се одржува во официјалната резиденција на малезискиот премиер Анвар Ибрахим, претседател на регионалниот блок на АСЕАН.
Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Фумтам Веџаџаџ, и камбоџанскиот премиер Хун Сен учествуваат на денешните разговори во Малезија.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека претставници на Стејт департментот се исто така во Малезија за да помогнат во мировните напори меѓу Камбоџа и Тајланд.
Американскиот претседател Доналд Трамп и Рубио се во контакт со своите колеги од двете земји и внимателно ја следат ситуацијата, се вели во соопштението објавено од Стејт департментот доцна синоќа.
„Сакаме овој конфликт да заврши што е можно поскоро“, се вели во соопштението.




