дома Култура Авторот на „Симпсонови“ откри кога ќе заврши серијата: Фановите не се задоволни...

Авторот на „Симпсонови“ откри кога ќе заврши серијата: Фановите не се задоволни со одговорот!

Мет Гронинг, авторот на култната анимирана серија „Симпсонови“ (The Simpsons), конечно се осврна на прашањето што ги мачи фановите со години: „Кога ќе заврши серијата?“. Неговиот одговор, за време на „Комик-кон“, предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.

„Симпсонови“ е најдолготрајната анимирана серија во американската историја и веројатно една од највлијателните. Сепак, многумина се согласуваат дека најдобрите денови на серијата, таканареченото „златно доба“ кое се протегаше од четвртата до осмата сезона, се одамна зад нас. И покрај ова, серијата продолжува да се продуцира и моментално е во својата 36. сезона.

Гронинг ја изненади публиката со изјава за иднината на саканото жолто семејство.

„Искрено мислев дека сезона 36 ќе биде крај. Но не, крајот не е на повидок. Ќе продолжиме додека не умре некој“, јасно алудирајќи на смртта на еден од главните актери кои ги позајмуваат своите гласови на ликовите.

Оваа изјава, како што се очекуваше, предизвика лавина од коментари. Некои обожаватели веруваат дека серијата се емитува предолго и требало да заврши додека сè уште беше на врвот на својата слава.

„Нели ќе е подобро да се заврши серијата додека сите актери се сè уште тука? Би било погрешно да се продолжи без оригиналните гласови“, напиша еден корисник, додека други беа поконцизни: „Се влече предолго“.

Исто така, постојат теории дека серијата ќе продолжи, дури и по смртта на актерите, со помош на вештачка интелигенција. „Гарантирам дека ќе користат вештачка интелигенција за да ја продолжат серијата во следните 200 години“, коментираше еден обожавател.

Некои повлекуваа паралели со други земји. „Во Италија, кога почина актерот што го позајми гласот на Хомер, тие едноставно го заменија со друг. Не мислам дека смртта на еден актер ќе ги запре Фокс или Дизни“, додаде трет обожавател.

Од друга страна, тука се и најлојалните фанови кои се надеваат дека „Симпсонови“ никогаш нема да бидат откажани. Сепак, се чини дека никој не е целосно задоволен од изјавата на Гронинг на крајот, а дебатата за судбината на „Симпсонови“ продолжува.

ПредходнаФОТО! Купила приврзок за еден долар во продавница за половна облека, па открила колку навистина вреди
СледнаФОТО! Ќерката на Мајкл Џексон снимена како плаче на улица: Талкала разбушавена, сите се прашуваат што се случува!