Во светот на познатите личности, понекогаш некоја приказна изгледа толку нежна и неочекувана што ги крши сите предрасуди. Tокму таков е случајот со Карлo Понти Помладиот (56), синот на Софија Лорен, и Маријам Шарманшвили, 34-годишна фитнес инструкторка од Грузија.
Иако ги делат 22 години, двајцата пронајдоа заеднички јазик, прво преку емотикон и едноставен коментар „Белисима“, оставен под фотографијата на Маријам на Инстаграм во март 2021 година.
Тука започнува нивната романса, прво дигитално, со помош на преведувачот на Гугл, а потоа вистинска кога решиле да се сретнат лично.
„Веќе преку екранот ја почувствувавме врската“, им кажала Маријам на своите пријатели.
Карло Понти, се ожени со Маријам Шарманшвили, а поради неа се преобрати во православие. Венчавката се одржа во познатиот манастир Самтавро во грузискиот град Мцхета, под сводовите на светилиштето, кое е на списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Облечени во традиционална грузиска облека, со круни на главите и во придружба на црковниот хор, Карло и Маријам го кажаа судбоносното „да“ пред Бога, додека грузиската оперска пејачка Тамар Ивери го сподели видеото од свадбата на својата фејсбук-страница.
Оваа црковна венчавка, како што е наведено, беше само првиот чин – официјалната граѓанска церемонија е закажана за септември во Женева, каде што ќе присуствува и гордата мајка, Софија Лорен, која неодамна го прослави својот 90-ти роденден.
Карло на 20 септември 2024 ѝ предложи брак на Маријам, симболично, еден ден пред 90-тиот роденден на неговата мајка, познатата италијанска актерка Софија Лорен. Маријам рече „да“, и тие решија да ја организираат свадбата во нејзината родна Грузија.