дома Економија Утре РКЕ носи одлука за новите цени на горивата

Утре РКЕ носи одлука за новите цени на горивата

70

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука на РКЕ, цената на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалија за половина денар.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 остана непроменета, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 0,50 ден/лит.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,158 (денари/килограм)



ПредходнаТекстилниот сектор со намалени нарачки од партнерите
СледнаПронајдени уште две тела во поплавите во Грција, вкупно 14 загинати