Четири лица, вклучувајќи еден полицаец, беа убиени во пукотница во деловна зграда во центарот на Менхетен, а напаѓачот изврши самоубиство, соопштија денес властите на Њујорк.
Осомничениот, идентификуван како Шејн Д. Тамура (27) од Лас Вегас, пукал и убил полицаец од Њујорк и уште три лица, а подоцна починал од самонанесена прострелна рана, објави CBS News.
Полицијата соопшти дека Тамура влегол во зградата на адреса Парк Авенју број 345 околу 18:30 часот, вооружен со пушка М4. Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, изјави дека Ислам е татко на две деца и дека неговата сопруга е бремена.
Напаѓачот потоа убил уште двајца мажи и една жена, додека четвртото лице е рането и е во критична состојба.
Идентитетот на жртвите не е објавен.
Според полицијата, Тамура патувал со денови од Невада до Њујорк, минувајќи низ неколку држави.
Во неговиот автомобил биле пронајдени оружје, муниција, лекови и лични предмети.
Не се пронајдени експлозивни направи.
Тамура имал историја на проблеми со менталното здравје, соопштија властите.




