дома Свет Вашингтон бара објавување на транскриптите од сведочењата во случајот со Џефри Епштајн

Вашингтон бара објавување на транскриптите од сведочењата во случајот со Џефри Епштајн

  Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, доцна синоќа повика двајца судии да ги објават своите сведоштва пред големите пороти кои ги обвинија покојниот Џефри Епштајн и неговата соработничка Гислен Максвел за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, објави денес Ројтерс.
Во два судски поднесоци непосредно пред полноќ, обвинителите рекоа дека отворањето на материјалите би било соодветно со оглед на „големиот јавен интерес“ во случајот Епштајн и тековниот надзор на тоа како со него се постапувало од страна на федералните агенции за спроведување на законот.
Министерството за правда, потсетува агенцијата, на 18 јули побара дозвола од судот да објави транскрипти од доверливи сведоштва дадени од сведоци пред неколку години во овие два случаи, но американските окружни судии со седиште во Менхетен, Ричард Берман и Пол Енгелмаер, побараа од владата да ја разработи правната основа за барањата.
Епштајн почина во затворска ќелија во Њујорк во 2019 година, додека чекаше судење по обвинението за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација, по претходна пресуда за подведување малолетно лице.
Неговата смрт беше прогласена за самоубиство.
Максвел отслужува 20-годишна затворска казна откако беше осуден за трговија со луѓе со цел сексуална злоупотреба.
Таа беше осудена за регрутирање тинејџерки кои биле сексуално злоставувани од Џефри Епштајн.

ПредходнаЧешкиот хеликоптер со седумчлена посада слета во Скопје, изутрина ќе почне да дејствува во Беровско
СледнаРојтерс: Германија подготвува нарачки за одбрана вредни повеќе милијарди евра