дома Технологии Австралија објави дека ќе им забрани на тинејџерите да го користат YouTube

Австралија објави дека ќе им забрани на тинејџерите да го користат YouTube

Австралија објави дека ќе го додаде Јутјуб на листата на социјални мрежи забранети за тинејџери, објави денес Ројтерс.
Одлуката доаѓа откако истражувањето покажа дека 37 проценти од децата во Австралија на возраст од 10 до 15 години пријавиле дека виделе штетна содржина на YouTube.
Како што е наведено, ова е поголем процент на штетна содржина отколку на која било друга социјална мрежа.
YouTube досега не беше забранет за тинејџери во Австралија, за разлика од Facebook, Instagram, Snapchat и TikTok.
Претставниците на овие компании, според Ројтерс, тврделе дека е неправедно YouTube да биде ослободен од гореспоменатата забрана.
Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека социјалните медиуми имаат одговорност и дека нема сомнение дека австралиските деца се под нивно лошо влијание.
„Социјалните медиуми им штетат на нашите деца. Сакам австралиските родители да знаат дека ја имаат нашата поддршка“, рече Албанезе.
Според законот за социјални медиуми, усвоен минатиот ноември од страна на австралискиот парламент, компаниите што ги прекршуваат правилата би можеле да се соочат со казни до 49 милиони австралиски долари (околу 28 милиони евра).
Јутјуб соопшти дека ги поддржува напорите на австралиската влада за намалување на штетните влијанија врз децата и ќе разгледа кои следни чекори да ги преземе во врска со ова прашање.

ПредходнаСАД: Рејтингот на Трамп падна на 40%, најниско ниво во вториот мандат
Следна280.000 луѓе евакуирани во Шангај поради невреме