– Двајца припадници на вооружените сили на германскиот Бундесвер загинаа денес во хеликоптерска несреќа во реката Мулде во близина на Лајпциг, а еден е исчезнат.
Леталото се урна за време на тренинг лет, но причината за падот сè уште не е позната, соопшти германското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.
„Смртта на членовите на нашиот екипаж ме погоди мене и целиот Бундесвер“, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Потрагата по исчезнатиот член на екипажот продолжува во соработка со Агенцијата за безбедност на воздушниот сообраќај на Бундесверот и цивилните служби.
Хеликоптерот што се урна беше модел Винг 64.
Минувачите забележале делови од хеликоптерот во реката околу 11:30 часот денес и веднаш ја известиле полицијата.
Набрзо на местото на настанот се појавија противпожарни и полициски екипи.
дома Свет Двајца припадници на германскиот Бундесвер загинаа во хеликоптерска несреќа, еден е исчезнат




