Во гламурозна атмосфера, со бел фустан, широки насмевки и табла полна киндер-јајца, инфлуенсерката Марис Џолин го прослави својот 30. роденден. Славеничката, чие вистинско име е Марија Илиева, приреди незаборавна забава во еден скопски локал, која го собра кремот на домашната инфлуенсерска и уметничка сцена.
Меѓу присутните беа добро познати лица како Јелена Спенџарска, Елена Најдоски, Калтрина Круезиу, Дарко Влогс, Лара Иванова и Октај Сејди, кои дојдоа да ѝ честитаат на Марис и да се забавуваат со неа до доцна во ноќта.





Марис избра впечатливо, но елегантно издание – бел мини фустан во комбинација со салонки во иста нијанса, а целиот изглед го заокружи со дискретен сјај и заводлива самодоверба.
Фотографиите што ги објави на Инстаграм сведочат за позитивната енергија и блискоста со гостите, но и за внимателно осмислениот роденденски концепт.
Роденденската торта беше со два ката, во бело-кафеави нијанси и животински принт, со точно 30 розови свеќички.
Неколку часа пред забавата, Марис ги „запали“ социјалните мрежи со провокативна фотосесија во розова долна облека, во која позира со роденденската торта. Објавата ја проследи со кратка порака: „Почнува сезоната на Лавот и тоа се гледа“.







