Судот во Милано денес им одреди куќен притвор на неколку локални функционери, додека еден од обвинетите е задржан во притвор, како дел од истрагата за издавање фалс градежни дозволи во тој град.
Во соопштението на судот се вели дека судијата Матија Фиорентини одредил куќен притвор за градскиот секретар за урбанистичко планирање, директорот на фирмата за недвижности „Коима“ и уште тројца осомничени, додека шестиот осомничен, градежен изведувач, е задржан во притвор, објави Ројтерс.
Пазарот на недвижности во Милано почна да цвета во 2015 година, кога меѓународната изложба Експо помогна градот да се трансформира во привлечна локација за инвеститори од Италија и странство, соопшти агенцијата.