дома Македонија Економија Македонија со царина од 15 отсто – Tрамп ги објави стапките за...

Македонија со царина од 15 отсто – Tрамп ги објави стапките за земјите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време објави нови царински стапки.

Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична на онаа што ќе важи и за Европската Унија. Претходно објавената стапка за македонските производи во април изнесуваше 33 отсто, што значи дека новата мерка претставува значително намалување, пренесе „Блумберг адриа“

Трамп воведе минимална глобална царинска стапка од 10 отсто, додека за земјите со кои САД имаат изразен трговски дефицит, тарифите ќе започнуваат од 15 отсто па нагоре.

Трамп потпиша извршна наредба за нови царини што ќе стапат на сила следната недела

Од европските земји, највисока стапка од 39 отсто ќе важи за Швајцарија. Србија ќе се соочи со царина од 35 отсто, Босна и Херцеговина со 30 отсто, додека Хрватска и Словенија, како членки на ЕУ, се во истата група со Македонија – со 15 отсто. За земјите што не се наоѓаат на официјалниот список на Белата куќа, Анекс 1, меѓу кои се Црна Гора и Албанија, ќе важи пониска стапка од 10 отсто.

ПредходнаТрамп потпиша извршна наредба за нови царини што ќе стапат на сила следната недела
СледнаКомитетот за буџетски распределби на американскиот Сенат одобри околу милијарда долари за поддршка на Украина