дома Свет Балкан Парламентот на Црна Гора ги усвои законите потребни за затворање на пет...

Парламентот на Црна Гора ги усвои законите потребни за затворање на пет поглавја со ЕУ

Парламентот на Црна Гора денес ги усвои законите потребни за затворање на пет поглавја во преговорите со ЕУ до крајот на годината.


Парламентот го усвои Законот за игри на среќа, како и измените на Законот за шумите, со мнозинство гласови, објави РТЦГ.
Црногорскиот парламент, исто така, усвои измени на Законот за финансирање на локалната самоуправа, како и измени на Законот за Судскиот совет и судиите, како и измени на Законот за државното обвинителство.
Беа усвоени измени на Законот за Уставниот суд, како и на Законот за здравствена заштита.
Законот за амнестија не го доби потребното мнозинство.

ПредходнаВо Њујорк и Њу Џерси прогласена вонредна состојба поради ненадејни поплави
СледнаНа сите осомничени за нападот врз полицијата во Нови Пазар им е одреден притвор до 30 дена