Најновата анализа на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), која опфати 22.127 крајбрежни, езерски и речни локации, покажува дека 85 проценти од плажите се оценети како одлични, Кипар повторно беше прогласен за најдобра дестинација за пливачи, а Хрватска е на петтото место.
Повеќе од 99 проценти од водите на Кипар добија највисока оценка, а земјата е на самиот врв на рангирањето со години.
Добрата вест за оние што патуваат во Црното Море ова лето е дека Бугарија се искачи за три места и го зазеде второто место со 98 проценти од водите оценети како одлични.
На петтото место, зад Кипар, Бугарија, Грција и Австрија, е Хрватска.
Резултатите од извештајот на ЕЕА за Албанија, сепак, покажуваат дека оваа, инаку една од новите туристички дестинации во Европа, има регистрирано најмалку дестинации со одлична вода, само 16 проценти, додека најголем број локации се оценети како лоши, 23 проценти.
Загадувањето со пластика и микропластика дополнително ја влошува ситуацијата. Според извештајот на Меѓународната унија за зачувување на природата од 2020 година, Албанија, по Црна Гора и Северна Македонија, имала трета највисока стапка на пластичен отпад по глава на жител – три килограми годишно, пишува „Еуроњуз“, како што објави загрепскиот N1.