дома Свет Балкан Додик осуден на една година затвор и шестгодишна забрaна за политичка активност

Додик осуден на една година затвор и шестгодишна забрaна за политичка активност

Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска Милорад Додик, потврди за RTRS адвокатот на Додик, Горан Бубиќ.

Адвокатскиот тим на Додик и Обвинителството на БиХ поднесоа жалба на првостепената одлука на Судот на БиХ.

Како што изјави Бубиќ за RTRS, Судот на Босна и Херцеговина телефонски соопшти дека жалбите и на одбраната и на Обвинителството на Босна и Херцеговина се отфрлени и дека првостепената пресуда е потврдена во целост. За потсетување, Додик беше осуден првостепено на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.

Обвинителството побара зголемување на затворската казна и забрана за вршење политичка функција, додека одбраната побара пресудата да се поништи.

ПредходнаNova.rs: Меѓу уапсените се и Томислав Момировиќ, сопствениците на „Стартинг“, „Деко тим“ и други функционери
СледнаТрамп се оглуши на барањето на ЕУ за примена на царините од 15 отсто од денеска