дома Локално На „Табановце“ се чека околу 45 минути, на „Богородица“ околу половина час

На „Табановце“ се чека околу 45 минути, на „Богородица“ околу половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез е околу 45 минути додека на ГП Богородица времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, информираат од АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПредходнаФорд повлекува над 312.000 возила поради проблем со сопирачките
СледнаСрпскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стана косопственик на францускиот фудбалски клуб Ле Ман