Поротата во Флорида денес ја прогласи компанијата „Тесла Моторс“ на милијардерот Илон Маск за виновна за сообраќајна несреќа во 2019 година во која учествуваше „Модел С“ со автопилот, наложувајќи ѝ да плати 329 милиони долари отштета на семејствата на починатата жена и повредениот маж.

Од таа сума, 129 милиони долари се за компензаторна отштета, а 200 милиони долари се казна, објави „Ројтерс“.
Несреќата се случила на 25 април 2019 година, кога Џорџ Мекги возел „Модел С“ влетал со брзина од околу 100 километри на час на раскрсница и удрил во паркиран автомобил до жртвите.
Адвокатот на обвинителството рече дека „Тесла“ го дизајнирала автопилотот да работи само на автопати со контролиран пристап, но им дозволувала на возачите да го користат на друго место.
Пресудата, рече тој, е правда за смртта на Најбел Бенавидес Леон и повредите на нејзиното поранешно момче Дилон Ангуло.
„Тесла“ сè уште не ја коментирала пресудата.




