Home Свет Ова што се случува во Газа не е пропорционално

Ова што се случува во Газа не е пропорционално

162
0





Белгискиот премиер Александар Де Кро изјави дека „она што денес се случува во Газа повеќе не е пропорционално“.

Тој ја нагласи осудата на белгиската влада за масакрот на 7 октомври од страна на Хамас и правото на Израел да се брани.

„Ако некој бомбардира цел бегалски камп со намера да елиминира еден терорист, тогаш мислам дека тоа повеќе не е пропорционално“, рече тој.

Де Кро додаде дека е сосема логично да се бара решение за Хамас, но прашање е како да се пронајде решение со политички дијалог, пауза во борбите и ослободување на сите заложници.

„Нашата земја не зазема страна. Она што го избираме е крај на насилството и илјадниците цивилни жртви“, додаде тој, пренесуваат белгиските медиуми.

МИА

– Реклама –








Previous articleСе претпоставуваше дека конференцијата на ОБСЕ ќе чини 5 до 8 милиони евра, ние сме далеку под тие средства
Next articleВо судирот меѓу Хамас и Израел на никого рацете не му се чисти

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here