дома хороскоп Дневен хороскоп за 3 август: Ќе постигнете хармонија, разбирање и среќа со...

Дневен хороскоп за 3 август: Ќе постигнете хармонија, разбирање и среќа со личноста за која се грижите

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 03 август, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Во соработката со луѓето ќе дејствувате сигурно и ефективно. Вашиот шарм ќе го користите и во деловните контакти. Многумина ќе зборуваат за љубов во која не недостасува страст. Оние во врска малку ќе провоцираат

Бик

Денес нема лесно да најдете заеднички јазик ниту со вашите сораборници. Затоа обидете се понекогаш да премолчите. Доколку имавте семејни подеми и падови, тие ќе се расчистат денес, но вашите лични односи сѐ уште не ви го даваат задоволството што го очекувате.

Близнаци

Ќе бидат потребни мали прилагодувања за да постигнете некаков договор. Затоа, не брзајте, туку соработувајте. Ќе балансирате помеѓу она што вие би го сакале и она што ви го нуди партнерот. Тоа нема да биде исто.

Рак

Она што го правите сами во најголем дел ќе ви оди според вашиот план. Но, она што го правите со другите, ќе ви биде тешко. Вашата сакана личност ќе биде чувствителна и агресивна во исто време, а вие ќе „чекорите по јајца“. Сето тоа ќе треба да го издржите.

Лав

Сè уште ќе анализирате голем број детали за тема за која ви недостасуваат сите информации. Наскоро ќе ја склопите сложувалката. Нема да се чувствувате подобро од досадна вечер со телевизиска програма. Исклучете го телевизорот и фокусирајте се на партнерот.

Девица

Вашите идеи ќе бидат одлични, но сега не е најдобро време да ги презентирате. Некои може да поминат, но не сите. Иако денес ќе ги пронајдете вистинските зборови и на тој начин ќе го освоите партнерот, сепак ќе бидете напнати во душата. Тоа е минливо.

Вага

Денес би можеле да покажете завидно ниво на интуиција во бизнисот. Затоа потпрете се на вашиот внатрешен глас. Како што одминува денот сѐ повеќе ќе размислувате за себе и за партнерот, како и за тоа каков е вашиот однос.

Скорпија

Со повеќето задачи ќе се справите со леснотија. Вашата комуникација ќе тече непречено и јасно. Со малку дипломатија нема да имате пречки да постигнете хармонија, разбирање и среќа со личноста за која се грижите.

Стрелец

Имате нови деловни можности пред вас, но сѐ уште не сте свесни за што всушност се работи. Размислете за опциите. Малите флуктуации ќе бидат поврзани со недостаток на самодоверба. Не треба да брзате да ги изразите своите чувства.

Јарец

Ќе почувствувате дека доаѓате до вагата на која ќе се распределат силите во работата. Ќе си го барате своето. Љубовните идеали ќе ви се исполнат на некој начин, но тоа не значи дека не треба да продолжите да вложувате напори во развојот на врската.

Водолија

Вашата разиграност и имагинација денес би можеле да дојдат до израз при решавање на различни деловни проблеми. Одличен ден е за излегување, дружење и забава. Оние кои сакаат да најдат сродна душа, дефинитивно треба да излезат меѓу луѓето.

Риби

Промените спроведени на работното место почнуваат да ги даваат првите резултати кои се во ваша корист. Она што моментално ви недостасува во приватните односи, денес успешно ќе го замените со вашата фантазија.

ПредходнаНаучна студија открива, дали навистина треба да избегнувате да јадете доцна навечер
СледнаВек и половина од смртта на Ханс Кристијан Андерсен