дома ТОП ВЕСТИ Почина Душко Чифлиганец по тешка несреќа со мотор во Чешка

Почина Душко Чифлиганец по тешка несреќа со мотор во Чешка

Душко Чифлиганец, бизнисмен и човек кој беше дел од раководните структури на групацијата „Адора“ го загуби животот во Чешка, како последица од несреќа со мотор.

Несреќата се случила вчера на мото трка во чешкиот град Брно, откако Чифлиганец загубил контрола при што доживеал тежок пад. И покрај тоа што брзо бил пренесен во болница, медицинските тимови не успеале да го спасат.

Душко Чифлиганец е познат како љубител на мотори и автомобили. Има добивано престижни признанија за брзински мотоцкилизам. Тој е генерален менаџер на фирмата „Адора“. Долги години живее во Дубаи. Тој е син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец.

ПредходнаВек и половина од смртта на Ханс Кристијан Андерсен
СледнаЗа пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто