Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека некои Американци би можеле да добијат некаков вид дивиденда или распределба на готовина како резултат на воведувањето царини за американските трговски партнери.

„Може да има распределба на профит или дивиденда за нашите граѓани, првенствено за луѓето со среден и понизок приход“, изјави Трамп пред новинарите додека го напушташе својот голф клуб во Њу Џерси, објави Ројтерс.
Американскиот претседател во петокот потпиша извршна наредба со која се воведуваат нови царини за увоз од десетици земји, кои ќе стапат на сила во рок од седум дена.
Новите царини се движат од 10 до 41 процент, со највисока царина за Сирија, додека Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја подлежат на царини од 15 проценти.
Тарифите се дел од стратегијата на Трамп за намалување на трговскиот дефицит на САД, објави Ројтерс претходно.




