дома Македонија Црна хроника Германски државјанин приведен на ГП „Табановце“ поради марихуана

Германски државјанин приведен на ГП „Табановце“ поради марихуана

Германски државјанин приведен на ГП „Табановце“ поради марихуана

  Германски државјанин бил приведен на граничниот премин „Табановце“, откако во неговиот личен багаж била пронајдена марихуана, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера околу 18 часот на граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.М., на возраст од 31 година од Сојузна Република Германија. При гранична контрола и проверка, односно при преглед во возилото „ауди“ со српски национални ознаки, што го управувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана, појаснија од МВР.

Лицето било предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од МВР.

ПредходнаОсомничен за илегална трговија со дрога ја искинал наредбата за претрес во неговиот дом, ОЈО Гевгелија поведе истрага
СледнаСлободна Далмација: Усташкиот дух од хрватското шише е ослободен; Кој е одговорен?