Две лица се повредени во експлозија на рачна граната што се случи кратко по полноќ во бар за наргиле во Атина, објавија грчките медиуми.
Се известува дека повредени се двајца Романци, на возраст од 42 и 39 години, единствените посетители на барот во времето на експлозијата, објави ЕРТ.
Двајцата мажи се однесени во болница и не се во животно-загрозувачка состојба.
Се очекува двајцата мажи да дадат изјави на грчките власти за инцидентот.
Експлозијата не предизвикала значителна штета на кафулето, според грчкиот јавен сервис