дома Локално МВР поднесе пријави против лица кои дивееле со автомобил по скопските булевари

МВР поднесе пријави против лица кои дивееле со автомобил по скопските булевари

Оттаму додаваат дека со нив бил извршен службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

-Против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици), како и против лицето што стои на хауба Р.Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165  став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност) од ЗБСП, се наведува во соопштението на МВР.

Од МВР дополнуваат дека СВР Скопје презема и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот. н

ПредходнаСредна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок 2024/25
СледнаРегионална иницијатива за превенција од пожари: Западен Балкан со заеднички чекори кон отпорни екосистеми