дома Без филтер Почина Стела Римингтон, првата жена генерален директор на МИ5

Почина Стела Римингтон, првата жена генерален директор на МИ5

 

Стела Римингтон e првата жена што ја предводеше британската агенција за внатрешна безбедност MI5 , почина на 90-годишна возраст, објави Би-Би-Си. Таа ја водеше агенцијата од 1992 до 1996 година и беше широко позната како инспирација за ликот „М“ во филмовите за Џејмс Бонд, којa ja играше  Џуди Денч.

 

Таа ја започна својата кариера во MI5 во 1969 година , а во 1992 година стана генерален директор на агенцијата, претходно држејќи ја позицијата заменик-директор. Стела почина опкружена со своето семејство и нејзините сакани кучиња.

Актуелниот генерален директор на MI5, Сер Кен Мекалум, му оддаде почит на својот претходник како пионер и првата јавно призната жена на чело на разузнавачка агенција во светот, истакнувајќи дека нејзиното лидерство воведе нова ера на транспарентност и отвореност во работата на службата.

Шефот на MI6, Сер Ричард Мур, ја нарече Дама Стела „вистински пионер“ во областа на разузнавањето.

Под нејзино водство, MI5 претрпе значајна трансформација, вклучително и преземање водечка улога во борбата против ирскиот републикански тероризам во Велика Британија, преместување на своето седиште во Темза Хаус и започнување политика на поголема јавна транспарентност, вклучително и објавување на досиеја до Националниот архив.

Родена во јужен Лондон во 1935 година, Римингтон ја започнала својата кариера во MI5 како хонорарен офицер во Индија, каде што нејзиниот сопруг бил на дипломатска мисија. Нејзината работа во службата се фокусирала првенствено на предизвиците од Студената војна.

По нејзиното назначување за генерален директор, нејзиниот лик беше јавно изложен за прв пат во историјата на службата, принудувајќи ја неа и нејзиното семејство да се преселат во безбеден дом од безбедносни причини.

Од крајот на Студената војна, таа продолжи да се фокусира на заканите од Русија , предупредувајќи за растечкото присуство на руското разузнавање во Велика Британија.

Во 1996 година, за време на нејзиниот мандат, ИРА изврши бомбашки напад во Канари Ворф, при што загинаа две лица. Истата година, Дама Стела се пензионираше и ја објави својата автобиографија „Отворена тајна“. Потоа објави неколку шпионски романи.

Во 2014 година, таа откри дека пред објавувањето нејзините книги поминуваат низ одобрување од MI5, што понекогаш бара промени во имињата и местата.

Стела Римингтон остава зад себе значајно наследство како една од највлијателните личности во британското разузнавање и симбол на лидерство и отвореност во безбедносниот сектор.

ПредходнаЈапонија ги укинува децениските ограничувања за производство на ориз поради недостиг и високи цени
СледнаВучиќ му испрати порака за поддршка на министерот Глишиќ: Држи се Даре ! Нема предавање!