Српскиот претседател Александар Вучиќ денес му испрати порака за поддршка на министерот за јавни инвестиции и претседател на Извршниот одбор на Српската напредна партија, Дарко Глишиќ, кој се разболе за време на гостувањето на ТВ Пинк.
„Држи се Даре ! Нема предавање! “, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Глишиќ ненадејно се разболе утрово додека гостуваше во утринската програма на ТВ Пинк, а министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека Глишиќ доживеал мозочен удар и е во сериозна состојба.
Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ, е примен во болница во тешка состојба и дека се преземени сите мерки за подобрување на неговата здравствена состојба.
Лончар за Информер изјави дека Глишиќ бил донесен во болница во несвест, но дека е важно дека навреме бил префрлен во болница.
„Важно е што пристигнал на време од настанот, односно мозочниот удар, првите неколку часа се клучни“, рече Лончар во соопштението од Клиничкиот центар на Србија.