Нов имиџ, провокативен стајлинг и најава за нова песна, Антонија Гиговска повторно го крена Инстаграм на нозе.

Македонската поп ѕвезда повторно докажа дека знае како да привлече внимание! На својот инстаграм-профил објави серија фотографии во кои позира во смел, ултра-женствен фустан со прорези, без долна облека, со долги плетенки и розови потпетици, стајлинг кој дефинитивно не може да помине незабележано.
„И да се скршат бејби, и да нѐ боли, вреди“, напиша Антонија под објавата, додавајќи: „ Спремни сте? Јас да, едвај чекам да ја чуете“.
Со хаштагот #soon, таа наговести дека публиката може да очекува нешто ново од неа наскоро, а фановите веќе шпекулираат дека се работи за нова песна, која се очекува повторно да има доза самодоверба каква што само таа знае да ја изнесе.




