дома Магазин ФОТО | Македонскиот Хулк се одмора во Албанија: Пеце од „Суперхикс“ по...

ФОТО | Македонскиот Хулк се одмора во Албанија: Пеце од „Суперхикс“ по долго време ги покажа мускулите

Водителот и фронтмен на групата „Суперхикс“, Петар Младеновски – Пеце, деновиве ужива на албанското приморје заедно со своето семејство. На својот инстаграм-профил тој објави неколку фотографии и видеа, а се пофали и со своите мускули.

Иако речиси никогаш не се појавува во јавноста полугол, сега направи исклучок, намачкан со кал од глава до пети, Пеце ги покажа мускулите, а јавноста не остана рамнодушна.

И тоа не е сè — пејачот доби бројни позитивни коментари дека успеал да ги намали килограмите и дека изгледа одлично.

ПредходнаПринцот Хари проговори за кавгата со чичко му: Негираше дека му го раскрварил носот
СледнаСветската кошаркарска федерација отвори истрага за инцидентот во Куманово