
Посмртните останки на бизнисменот Душко Чифлиганец кој почина во инцидент со мотоцикл во Чешка ќе бидат изложени утре, среда, во црквата ,,Свети Јован Крстител” во населбата Аеродром до Мостар ,,Близнаци”. Ктитор на црквата е неговиот татко бизнисменот Ванчо Чифлиганец. Семејството информира дека опелото за младиот Чифлиганец ќе го служат свештеници на МПЦ-ОА предводени од поглаварот Г.г. Стефан.
Погребната церемонијата ќе биде утре во црквата во 14. часот.
Семејството Чифлиганец објавува благодарност за сите луѓе кои им изразиле сочувство и поддршка во оваа трагедијата.




