Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“. Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање, направија инцидент со националистичките извикувања.
Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше по националистичките и вулгарни испади на навивачи на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.
Ова не е прв испад на навивачите на Шкендија. Тие пред неколку месеци за време на едноминутниот молк на натпреварот против Брера, а во чест на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани, упатуваа свирежи и скандираа за УЧК.
Натпреварот од трибините го следеа сопственикот на Шкендија бизнисменот и сопственик на познатата фирма Еколог, Љазим Дестани. Тој беше помеѓу Ахмети и Таравари од едната и Гаши и Меџити од другата страна. Вчера со соопштение на спортско навивање без недолични и националистички скандирања повика сопственикот на Шкендија.
Инаку, Шкендија го загуби натпреварот од Карабах со 1:0.