дома Магазин ВИДЕО | Памела Андерсон се огласи по повод обвинувањата дека Меган Маркл...

ВИДЕО | Памела Андерсон се огласи по повод обвинувањата дека Меган Маркл ја копира со кулинарското шоу

Актерката Памела Андерсон се осврна на обвинувањата дека Меган Маркл ја копирала, пренесува „Индепендент“.

Порано оваа година, Андерсон ја промовираше својата емисија „Памела готви со љубов“ (Pamela’s Cooking with Love). Дебитираше на стриминг платформата Прајм Видео (Prime Video) кон крајот на февруари и беше добро прифатена од гледачите. Првата сезона од ТВ-шоуто, која се состои од осум епизоди, има рејтинг на ИМДб (IMDb) од 8,6/10.

 

Кратко по премиерата на емисијата на Памела, на почетокот на март беше објавен серијалот на Меган Маркл на Нетфликс, „Со љубов, Меган“ (With Love, Meghan). Шоуто не доби значително позитивни критики и има оценка од 3,2/10 на ИМДб.

Неколку месеци откако се емитуваа обете емисии, Енди Коен ја праша Андерсон во емисијата „Watch What Happens Live“ за наводите дека Меган ја копирала.

– На скала од еден до десет, колку мислите дека емисијата „Со љубов, Меган“ е копија на вашата серија „Памела готви со љубов“? Имаше статии во кои се тврди дека овие две емисии се многу слични – ја праша Коен поранешната ѕвезда на „Чувари на плажата“.

Андерсон одговори со „еден“, што значи дека не сметала дека има многу сличности. „Еден? На скала од еден до десет, не гледате никакви сличности?“, ја праша Коен актерката.

Андерсон продолжи да објаснува: „Не, навистина не сум го гледала шоуто, но не ги измислив јас емисиите за готвење. Таа само си ја врши својата работа“.

 

ПредходнаЛГБТК+ активист уапсен во Турција поради критикување на режимот на Ердоган
СледнаКучето се истегнува кога ќе го види сопственикот: Што значи ова однесување?