Во домот на пејачката Ивона Јо пристигнаа два мали, но преслатки причини за радост – нејзиното кученце Бејби стана мајка! Како што изјави самата Ивона за „Слободен печат“, во нивниот дом се родиле две машки кученца од расата бишон, а гордата пејачка веќе им ги дала и имињата – Оги и Скај.
„Бејби роди две мали машки бишончиња – Оги и Скај“, откри Ивона.

На нејзината инстаграм-приказна, Ивона сподели емотивно видео и фотографија каде едно од кутрињата спие на нејзините гради, со трогателната порака:
„Јас не плачам, плачете вие“ (I’m not crying, you are) – што веднаш предизвика реакции и топли коментари од фановите.
Со оваа принова, Ивона ни покажа уште една своја нежна страна – полна со грижа, емоција и безусловна љубов.
Пред повеќе од две години пејачката сподели дека има нов член во нејзиното семејство, кучката Бејби, со која таа често објавува дел од среќните моменти во домот. Сега животот со новороденчињата им е исполнет со уште повеќе нежност и многу љубов.