Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, го прослави својот 44. роденден со интимна вечера во ексклузивен ресторан во Беверли Хилс, опкружена со најблиските луѓе во нејзиниот живот.
Таа сподели момент од роденденската прослава на својот инстаграм-профил на 5 август, придружувајќи ја фотографијата со порака на благодарност.
„Ги дував свеќичките по 24 прекрасни часа и му благодарам на мојот сопруг, на пријателите и на семејството што го направија сето ова толку посебно.
На сите вас што не ве познавам, а секојдневно испраќате љубов – благодарам од срце. Ја чувствувам и ја ценам“, стои во објавата.
На фотографијата, војвотката е фотографирана како ги дува свеќичките на елегантна роденденска торта украсена со жолти цветови од хибискус.
За специјалната вечер, Маркл и принцот Хари избрале да вечераат во ресторанот „Фанке“, познатото гастрономско место во Беверли Хилс што го води готвачот Еван Фанке.
„Ова е, дефинитивно, меѓу петте најдобри оброци во мојот живот. Вонсерисно искуство. Ви благодарам“, напиша Маркл во чест на тимот на ресторанот.
