Институтот за морска заштита на грчкиот архипелаг објави фотографии од редок вид делфин кој е снимен деновиве во Икарскиот ров, подводен кањон длабок до 1.400 метри, објави грчкиот портал „Та неа“.
Зборуваме за сивиот делфин (Rhys’ dolphin или Grampus griseus ), најголемиот вид делфин во грчките мориња, кој може да достигне должина до четири метри и тежина до 500 килограми.
Првиот запис за миграција на овој вид во Источниот Егеј датира од есента 2000 година, а Институтот Архипелаг систематски ги следи нивните популации оттогаш.
Овие делфини мигрираат во мали групи низ длабоките морски кањони и ровови, со можност да нуркаат на длабочина поголема од 300 метри и да го задржат здивот повеќе од 30 минути. Главните закани за нивниот опстанок се прекумерниот риболов и загадувањето на морето, поради што следењето и проучувањето на популациите се клучни за нивната заштита, објави порталот.