Блерант Рамадани е кандидатот за градоначалник на Општина Сарај од Национална алијанса за интеграција (НАИ). Рамадани е дел од крилото на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари, кој ја објави неговата кандидатура преку соопштение до медиумите.
-Во време кога политиката често се гледа како поле на празни ветувања, Блерант Рамадани носи сосема нов дух, оној на знаењето, меѓународното искуство и модерното лидерство засновано на конкретни резултати. Неговата приказна е онаа за која многу Албанци сонувале: обичен дечко од Сарај, кој со талент и неуморна работа достигнува врвови во светската наука и сега се враќа за да ѝ ja врати на својата општина достоинството и развојот што ja заслужува, се наведува во соопштението на Таравари.