Најмалку пет вработени во воената база Форт Стјуарт во американската држава Џорџија беа ранети денес во пукотница во објектот на базата, кога еден од вработените отвори оган.
Сите повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба, објави Ројтерс.
Бригадниот генерал на американската армија, Џон Лубас, изјави дека еден од вработените во базата, Корнелиус Редфорд, отворил оган од својот личен пиштол на работа и ги ранил своите колеги.
Воената база Форт Стјуарт беше блокирана по инцидентот, како и воениот аеродром Рајт и Еванс.
Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, изјави на платформата X дека неговите мисли и семејство се со оние кои се погодени од трагичниот инцидент во базата.




