дома Македонија Политика Од викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

Од викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

  Според информациите од Собранието, во петок или во сабота ќе бидат распишани локалните избори што треба да се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Според бројот на учесници, изборната администрација, вклучувајќи ги и вработените во

Државната изборна комисија (ДИК), локалните избори се најголеми и најмасовни. Карактеристично исто така за овие избори е што дијаспората нема да може да гласа, а ако некој од македонските државјани сака да го искористи своето право тоа ќе може да го направи само доколку допатува во земјата.

Веднаш по распишувањето на изборите во петок или во сабота, ДИК ќе одржи јавна седница на која согласно Изборниот законик ќе биде објавен календарот со сите рокови за избирачките дејствија, како и сите права и обврски за избирачките органи, учесниците на изборите и медиумите.

Со 95 гласа „за“ и без ниту еден против или воздржан, Собранието вчера ги избра новите членови на Државната изборна комисија, согласно Предлог одлуката што претходно на седница ја донесе собр

До крајот на месецот ДИК ќе го заврши случајниот избор на членовите на избирачките одбори од редот на администрацијата согласно податоците од Министерството за јавна администрација. За 3.500 избирачки места треба да бидат избрани 21.000 лица од администрацијата кои ќе бидат во избирачките одбори (ИО), кои во текот на септември ќе поминат комплетна обука за спроведување на изборите и ќе им бидат поделени прирачници. Дополнително ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Вреди, како партии односно коалиција со најголем број гласови на минатите избори, во септември, согласно роковникот, треба да номинираат 14.000 членови за избирачките одбори. Составот на избирачките одбори се менува бидејќи на нивните членови им е истечен мандатот.

….

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025, кој е веќе објавен, изнесува 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање. Дополнително на овие пари е и сумата за надоместоците на членовите на избирачките одбори и транспортот и дистрибуцијата на членовите на ИО и избирачкиот материјал од ОИК до избирачките места каде што ќе се гласа, бидејќи тие ги обезбедуваат локалните самоуправи. Од ДИК за МИА велат дека се направат напори по сите основи да се рационализира за да се намалат трошоците.  ….

Од распишувањето на изборите Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовните плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страница во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. Две недели, пак, по распишување на изборите Министерството поднесува предизборен финансиски извештај во кој ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесувањето на извештајот кој се објавува на нивната веб страница.

null

Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Во состав на Градот Скопје функционираат 10 општини, кои имаат поделени надлежности со Градот. Изборите ги распишува претседателот на Собранието со донесување акт што се објавува во Службен весник. Изборите се одржуваат најрано 70, а најдоцна 90 дена од денот на распишување на изборите.

Локални избори во Македонија се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

МИА

ПредходнаЗеленски ги наведе петте клучни приоритети за Министерството за одбрана на Украина
СледнаУчениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има