дома Локално Сончево и топло со температура до 35 степени, за викендот повторно многу...

Сончево и топло со температура до 35 степени, за викендот повторно многу топло време

  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Температурата ќе се движи од 11 до 35 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во следните денови се очекува зголемување на температурата, а според најавите на УХМР времето ќе биде сончево и топло, а температурата во делови од земјата за викендот ќе достигне до 39 степен. 

ПредходнаКазни до 5.000 евра, фокус на мобилните и брзина- нови сообраќајни закони во Грција и Бугарија
СледнаПоздрави од Трамп – Мигранти од Америка стигнаа на Косово