Русија и САД постигнаа договор за одржување средба меѓу претседателите на двете земји, Владимир Путин и Доналд Трамп, во наредните денови, изјави денес за новинарите рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков.
Тој додаде дека е договорена основата за билатерална средба на високо ниво, која ќе биде организирана по предлог на американската страна, пренесува новинската агенција ТАСС.
Локацијата на средбата е исто така договорена, но ќе биде објавена подоцна, изјави рускиот дипломат.