Зоолошката градина исто така прифаќа донации од живи коњи, а нивните сопственици можат да ги искористат потенцијалните даночни олеснувања.
Зоолошката градина во Данска ја повика јавноста да донира несакани миленичиња како дел од единствената иницијатива за обезбедување храна за предаторите.
Зоолошката градина во Олборг побара донации од живи кокошки, зајаци и морски прасиња, за кои вели дека се “убивани безболно” од обучен персонал.
Зоолошката градина исто така прифаќа донации од живи коњи, а нивните сопственици можат да ги искористат потенцијалните даночни олеснувања.
Во пост на Инстаграм, зоолошката градина објаснува дека има “одговорност да го имитира природниот синџир на исхрана на животните” и дека помалите животни “сочинуваат важен дел од исхраната на нашите предатори”.
Пораката вели дека храната обезбедена на овој начин “потсетува на она што (предаторите – ред.) ловат во дивината” – и дека ова е особено вистинито за евроазискиот рис.
Други предатори кои се чуваат во зоолошката градина се лавовите и тигрите.
Малите животни може да се донираат во работните денови, не повеќе од четири одеднаш, без претходен договор.
На својата веб-страница, под слика од тигар кој јаде парче месо, зоолошката градина во Олборг ги поставува условите за донирање на коњи.
За да бидат примени, тие мора да имаат пасош на коњ и да не биле лекувани од болест во последните 30 дена.
Заменик-директорот на зоолошката градина, Пиа Нилсен, изјавила дека месојадите во зоолошката градина биле хранети со помали животни “многу години”.
“Кога месојадните животни се одгледуваат, неопходно е да им се обезбеди месо, по можност со кожа, коски итн., со цел да им се обезбеди најприродната можна исхрана. Затоа е логично да се дозволи животните кои треба да бидат евтаназирани од различни причини да бидат искористени на овој начин. Во Данска, оваа практика е вообичаена и многу од нашите гости и партнери ја ценат можноста да придонесат. Домашните животни кои ги добиваме како донации се кокошки, зајаци, морски прасиња и коњи”, додаде Нилсен.