дома Свет Гренада ја укина заклетвата за верност кон британската круна и монархијата

Гренада ја укина заклетвата за верност кон британската круна и монархијата

   Владата и опозицијата на Гренада се согласија да ја укинат заклетвата за верност кон британската круна, што претставува чекор кон намалување на британското влијание во земјата, објавува Гардијан.


Одлуката е донесена со донесување закон во парламентот, а заклетвата ќе биде изменета така што наместо „Неговото Височество Кралот Чарлс Трети, неговите наследници и следбеници“ ќе гласи „Гренада“.
Во соопштението издадено од владата, беше наведено дека парламентот на земјата донел закон што ќе го промени Уставот.
„Едногласната поддршка за овој амандман ја покажува нашата заедничка посветеност на националниот идентитет и уставниот напредок, и иако можеби не се согласуваме по многу прашања, денес стоиме заедно потврдувајќи дека нашата верност им припаѓа на Гренада и нејзиниот народ“, рече премиерот на Гренада Диксон Мичел.
Мичел додаде дека земјите имаат одлични билатерални односи, но дека тоа не значи дека Гренада треба да се заколне на верност на шефот на државата од другата страна, додавајќи дека ова е резултат на тоа што Гренада е поранешна британска колонија, а не затоа што тоа била одлука на народот на Гренада.

„Што е тоа кај кралот Чарлс што го прави супериорен во однос на мене, што морам да се заколнам на верност на него, а не на народот на Гренада?“, рече Мичел.
Гувернерот на Гренада, Сесил Ла Гренада, претставник на Круната на островот, се согласи со два предлог-закона за измена на заклетвата откако тие беа усвоени од двата дома на парламентот.
Министерот за туризам и култура на Гренада, Адријан Томас, рече дека овој потег е одговор на децениските барања на граѓаните за промена на заклетвата и дел од поширокиот тренд на деколонизација на општеството, потврдување на независноста на земјата и реформирање на уставот.
Промената на заклетвата доаѓа откако Комисијата за репарации на Гренада вети дека ќе ги засили напорите за барање извинување и репарации од монархот. Комисијата, исто така, вети дека ќе ги засили повиците за отстранување на кралот Чарлс од позицијата шеф на државата, откако ново истражување покажа дека британскиот крал Џорџ IV лично профитирал од ропството во Карибите.

ПредходнаАдминистрацијата на Трамп бара 1 милијарда долари од Универзитетот во Калифорнија
СледнаДенеска и официјално треба да бидат распишани локалните избори