
Објектот се гради од 2013-та година. Основната намена, беше кажано тогаш, е да послужи како посебен антенски систем за контрола на радиофрекфенциите, но и да биде туристичка атракција и белег на градот.
Симов објави дека телекомуникациската кула на Водно е во „завршна фаза“, заедно со неколку фотографии и видеа на својот Фејсбук профил

„За 10 дена кранот треба да биде симнат. Остануваат неколку ситници и приклучокот за електрична енергија со ЕВН.“

Во објавата на Фејсбук има и неколку видео материјали. Во еден од нив, коментира Симов, се гледа тестирање на ротирачката платформа која вртела цел круг за околу еден час.

Телекомуникациската кула на Водно треба да биде висока 155 метри, што ја прави околу два и пол пати повисока од соседниот Милениумски крст. Почна да се гради во 2013-та година, Идејата на проектот, како што беше најавено, е да се изгради посебен антенски систем за контрола на радиофрекфенции. Но, покрај првичната функција, кулата беше замислено да има и друга намена – да биде магнет за туристи, атракција и ново обележје на градот.




