дома Магазин ВИДЕО! Жешко издание за крајот на летото: Антониа Гиговска го објави спотот...

ВИДЕО! Жешко издание за крајот на летото: Антониа Гиговска го објави спотот за новата песна „Специјалиста“

Македонската поп-ѕвезда Антониа Гиговска ја збогати домашната музичка сцена со нова песна, која ветува да стане задолжителен дел од летните плејлисти. Нејзиниот најнов сингл „Специјалиста“, придружен со атрактивен видеозапис, веќе го привлече вниманието на слушачката публика.

Во спотот, Гиговска се појавува како сексапилна заводничка со впечатливи долги плетенки, во комбинација со енергични танцови сцени, кои совршено ја надополнуваат динамиката на песната.

Фото: Промо

„’Специјалиста’ е и за тие што скршиле срце и за оние на кои им било скршено срцето. И да се скршат и да боли, вреди… Љубовта секогаш победува, нели?“, порача пејачката.

Автор на музиката и аранжманот е Лазар Цветкоски, кој заедно со Магдалена Ена го потпишува и текстот. Режијата на видеоспотот е дело на Даниел Јовески.

ПредходнаДамјановски Циц- Црвенковски нити ја правел нити ја подржува Знам. Минчев е таму од лукративни цели.
Следна(Видео) Вооружена престрелка со убиство во Тетово, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите