дома Живот Не ја фрлајте кората од лубеница: Одлична е за здравјето, ја подобрува...

Не ја фрлајте кората од лубеница: Одлична е за здравјето, ја подобрува циркулацијата и потенцијата

Кората од лубеница, како и кората од друго овошје и зеленчук, е богата со хранливи материи, но бидејќи ретко ја консумираме, можеби одредени здравствени факти ќе ни ја променат таа навика.

Кората од лубеница е јадлива и има низа здравствени придобивки, бидејќи е богата со растителни влакна, витамини и минерали. Лубеницата содржи 92 проценти вода, но и многу важни хранливи материи, а иако многумина тоа не го знаат – и кората може целосно безбедно да се јаде, бидејќи е исклучително здрава, пишува „Е-клиника“.

Содржи аминокиселина што ја подобрува циркулацијата

Кората од лубеница е богата со витамини А, Б6 и Ц, како и со калиум и магнезиум. Таа е одличен извор на растителни влакна кои помагаат при дигестивни проблеми, придонесуваат за здраво срце и помагаат во регулирање на холестеролот. Содржи цитрулин, аминокиселина која може да ја подобри циркулацијата на крвта и да го намали крвниот притисок. Влакната го поттикнуваат правилното функционирање на дигестивниот систем, а витамините го зајакнуваат имунитетот и ја поддржуваат мозочната функција.

За консумирање на овој покисел дел од лубеницата, нутриционистите советуваат да се ренда и да се додава во зеленчукови јадења и салати или пак во пијалоци како смути.

Регулира крвен притисок

Истражување објавено во Американскиот весник за хипертензија покажало дека кората од лубеница може да помогне во намалување на крвниот притисок кај лица со прекумерна тежина. Таа делува и како природен диуретик, зголемувајќи го излачувањето на вишокот течности од телото, што дополнително помага во регулирање на притисокот. Иако додатоците со цитрулин веројатно се поефикасни, многу истражувања потврдуваат дека тие го намалуваат притисокот кај лица со хипертензија.

Не е природна „вијагра“, но има сличен ефект

Кората од лубеница не е природна „вијагра“, но студиите покажуваат дека може да им помогне на мажи со блага до умерена еректилна дисфункција. Ова се должи на цитрулинот концентриран во кората, кој ја поттикнува циркулацијата. Додатоците со Л-цитрулин можат да ја подобрат ерекцијата без голем дел од несаканите ефекти што ги предизвикува „вијаграта“.

Богата е со растителни влакна

Кората од лубеница е одличен извор на влакна, а исхраната богата со нив носи бројни придобивки:

  • Го одржува редовното празнење на цревата и го намалува ризикот од заболувања на дебелото црево.
  • Помага во намалување на нивото на холестерол и шеќер во крвта.
  • Обезбедува подолго чувство на ситост, што придонесува за одржување на здрава телесна тежина.
ПредходнаПотреба на мачката или каприц на сопственикот: Дали ѕвончето на околувратникот на мачката е корисно?
СледнаФОТО! „Ист е како тебе!“: Џастин Бибер ги разнежни обожавателите со фотографија со синчето пред неговиот прв роденден