Во енергијата на оваа Месечина се чувствува ментална и емоционална јаснотија. Многумина, по првпат по долго време, ќе откријат дека тишината може да биде лековита. За најчувствителните, ова е време за внатрешно ресетирање – без вина, без потреба да ја објаснуваат својата потреба за мир, без желба да бидат сè за сите, пишува „Атма“.
Три хороскопски знаци особено силно ќе го почувствуваат овој повик. За нив, ова е клучен момент, како тивок внатрешен клик – нешто што не се објаснува со зборови, но јасно се чувствува.
Бик
Во изминатите месеци носевте премногу на „својот грб“. Поддржувавте други кога паѓаа, преземавте одговорности што не беа ваши, се грижевте, планиравте, го одржувавте мирот околу себе, а притоа го занемаривте сопствениот. Сега доаѓа момент да пуштите. Не затоа што нешто не успеало, туку затоа што повеќе не мора.
Оваа полна Месечина фрла светлина на дел од вашиот живот во кој постојано сте „во функција“. Таа светлина открива колку сте уморни од постојана будност, постојано реагирање и постојано „бидување за сите“.
Можеби за првпат ќе ја почувствувате тишината не како празнина, туку како простор што ве повикува да се вратите во себе – во вашето тело, во едноставноста, во местото каде ништо не треба да заслужувате. Сè повеќе ќе ги забележувате малите нешта: мирот на утрото, допирот на светлината на кожата, мирисот на дрво, чекор без цел. И ќе сфатите колку ви недостасувале.
Нема потреба од големи промени. Доволно е да почнете да го откажувате она што ве исцрпува. Без објаснување, без правдање. Вашата потреба за мир е реална и време е да ја послушате. Вистинското исцелување нема да дојде од надворешни промени, туку од моментите во кои конечно ништо не се обидувате. Кога само седите. Кога мирот во вас станува поважен од сè надвор од вас.
Рак
Долго време во вас се таложеше нешто што немаше прилика да излезе. Тишка тага, неизговорени чувства. Сето тоа време продолживте понатаму – тивко, но храбро. Полната Месечина во Водолија влегува токму во тој дел од вас каде премногу се насобрало. Не ве тера да се соочите со тешко, ниту да анализирате. Само полека изнесува на површина она што повеќе не сакате да го носите. Можеби солзите ќе ви дојдат без посебна причина. Или срцето ќе ви се отвори во присуство на некој што навистина ве гледа. Тоа е процес на исцелување што не треба да го контролирате.
Сега се враќате на она што е нежно, блиско, тивко и вистинско. Време поминато со некој што не се обидува да ве „поправи“. Разговор кој не мора да има решение. Под сите одбрани што моравте да ги изградите, сè уште постои место што знае како изгледа слободата. Тоа место сега почнува да дише.
Не се трудете да бидете „најдобрата верзија“ од себе. Доволно е да се појавите онакви какви што сте – уморни, ранливи, нежни. Вашата сила е токму тука: во чувството што веќе не го криете, во зборот што не мора да биде совршен, во мирот што не доаѓа од решение, туку од присутност.
Стрелец
Навикнати сте да се движите – да барате, да истражувате, да учите нешто ново. Но, сега можеби првпат по долго време ќе почувствувате повик што оди во друг правец – не нанадвор, туку навнатре. Оваа полна Месечина не ве повикува да тргнете, туку да застанете. Во таа тишина, што на почетокот може да изгледа како празнина, се буди нешто подлабоко. Нешто што не се наоѓа на краевите на светот, туку во вас.
Не ја барате следната авантура. Вие станувате просторот во кој таа се случува. Не преку движење, туку преку присутност. Преку тишината во која се слуша она што досега сте го пропуштале.