дома Магазин Ема Томпсон откри дека Доналд Трамп ја поканил на состанок: „Можев да...

Ема Томпсон откри дека Доналд Трамп ја поканил на состанок: „Можев да ја сменам историјата на Америка!“

За време на Филмскиот фестивал во Локарно, оскаровката Ема Томпсон откри дека некогаш добила неочекувана покана за вечера од американскиот претседател Доналд Трамппишува „Варајети“.

„Во мојата гардероба на снимање заѕвони телефонот и на линија беше Доналд Трамп. Помислив дека е шега. Ми рече: ‘Би сакал да престојуваш во едно од моите прекрасни места и можеби да одиме на вечера’. Токму тој ден ми беше финализиран разводот. Сигурно има луѓе што му бараат ‘погодни’ личности, убави разведени жени. Дури го пронашол и бројот на мојата гардероба. Тоа е вистинско следење! Да, можев да излезам на состанок со Доналд Трамп. Можев да ја сменам историјата на Америка,“ изјави актерката, присетувајќи се на снимањето на политичката сатира „Примарни бои“ (Primary Colors) на Мајк Николс.

Томпсон, која кариерата ја започна како комичарка, вели дека никогаш не се плашела од политички хумор.

„Правев шеги за Маргарет Тачер и за херпес. Реков дека и двете е многу тешко да се отстранат – тоа и денес важи“, раскажа таа.

Ема Томпсон со својата награда на Филмскиот фестивал во Локарно / Фото: EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Таа признава дека првично не сакала да стане актерка.

Ми изгледаше како несигурна работа. На училиште ни дојде администраторка од болница и помислив дека тоа е убава професија, особено затоа што имаше убави чевли“, вели актерката.

Подоцна следеа признати улоги во „Крајот на Хауард“ („Howards End“) и „Остатоците од денот“ („The Remains of the Day“), за кој инспирација добила од својата баба и нејзината животна траума.

Баба ми на 13 години почна да работи како слугинка. Работодавачот ја силувал, останала бремена, го родила детето и, како што им се случувало на многу млади слугинки тогаш, била присилена на сурогат мајчинство. Никогаш не беше навистина среќна“, вели Томпсон.

Ема Томпсон со режисерот Брајан Кирк / Фото: EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Холивуд ја забележа и преку „Примарни бои“ („Primary Colors“), кој се снимаше во време на скандалот со Моника Левински.

„Седевме и се прашувавме – што сега? Снимаме филм за нешто што во тој момент се случува во реалноста“, рече актерката.

На фестивалот во Локарно, Томпсон ја прими наградата „Леопард клаб“. Таму зборуваше и за поновите улоги, меѓу кои и во „Со среќа, Лео Гранде“ („Good Luck to You, Leo Grande“), каде глуми жена која доцна во животот одлучува да го доживее својот прв оргазам со помош на сексуален работник.

ПредходнаВИДЕО! Татко ја учи ќерката да плаќа „кирија“ уште на шест години: „Така ќе научи што е желба, а што потреба“
СледнаЗдрав и сладок почеток на денот: Рецепт за чиа пудинг со јагоди и чоколадо