Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во западна Турција во регионот Баликешир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи.
Земјотресот е почувствуван во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејското Море.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликешир, објави ТРТ Хаберлер.
Земјотресот е регистриран во 19.53 часот по локално време, а според жителите, земјотресот бил силен и траел 10-20 секунди.
Засега нема официјални извештаи за евентуални штети или дали има повредени.




